Инфлацијата во еврозоната надмина три отсто за прв пат од 2023 година

Инфлацијата во еврозоната за првпат во повеќе од две и пол години надмина три отсто, зацврстувајќи ги очекувањата за зголемување на каматните стапки кога Европската централна банка (ЕЦБ) ќе се состане следната недела. Цените за потрошувачите пораснаа за 3,2 отсто на годишно ниво во мај, наспроти 3 отсто претходниот месец, соопшти во вторникот „Евростат“. Тоа е во согласност со медијанската процена во истражувањето на „Блумберг“.