Кирков: Зоолошката градина која за една година ќе прави 100 години од постоењето ги доживува најтемните денови

На денешната седница на Град Скопје се обрати советникот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, кој се осврна на актуелните проблеми во Зоолошката градина поради непрофесионалното водење од страна на раководството. „Повторно бевме сведоци на немили настани во оваа установа, како што ја пратат во последниве три години и навистина веќе мислиме дека е дегутантно да се збори за тоа што и како се случува во оваа установа.