Пристаништето во Бремерхафен во Германија, на брегот на Северното Море, најголемото европско пристаниште за транспорт на автомобили, минува низ модернизација вредна 1,35 милијарди евра (1,6 милијарди долари). Оваа инвестиција, која е финансирана од државата, не е наменета за извоз на поголем број возила на „Мерцедес“ и „Фолксваген“, туку за зајакнување на пристаништата за товар и транспорт на воена опрема, како што се тенковите „леопард“ тешки 60 тони, до евентуални фронтовски линии во иднина.