Вработените во „Ербас“ на голема производствена локација во Шпанија започнаа штрајк во знак на протест поради, како што велат, влошените услови за работа во изминатите години. Штрајкот, организиран од Независниот синдикат на воздухопловни професионалци - СИПА (SIPA), започна на 1 јули и е предвидено да трае до крајот на месецот. Според учесниците на протестот, околу 3.000 вработени учествуваат во штрајкот од вкупно околу 9.000 работници во фабриката во Хетафе, јужно од Мадрид.