Јапонските кулинарски специјалитети се легендарни: Токио има повеќе ресторани со ѕвезди на „Мишелин“ од кој било друг град во светот, а милиони туристи секоја година се слеваат во таа земја за да пробаат сè, од едноставен рамен (јапонска супа со резанки, заб. прев.) до вечера каисеки, која се состои од низа јадења што се менуваат во согласност со годишните времиња. Зошто тогаш американските приватни инвестициски фирми вложуваат милиони во американски бургери и пржено пилешко во Јапонија?