Посилните заработки и растот распространет низ повеќе сектори ќе ги поттикнат европските акции на нови максимуми оваа година, според стратезите на швајцатската групација „УБС“ (UBS Group AG), кои сега се најголемите „биковски“ настроени прогнозери меѓу сите оние што ги следи „Блумберг“. Гери Фаулер и Сутања Чеда ја зголемија својата проценка за крајот на годината за индексот Stoxx Europe 600 на 690 од 630, што подразбира пораст од околу 8 отсто од сегашните нивоа.